Американската телевизија „NBC“ ги објави првите снимки од осумка кои се родија на 23 јануари оваа година во болница во Белфловер во Калифорнија. „Noah, Maliah, Isaiah, Nariah, McCai, Josiah, Jeremiah и Jonah“ се имињата на 6-те момчиња и 2-те девојчиња кои ги роди 33-годишната Надиа Сулеман, мајка на 6 деца.


Инаку, мајката на американските медиуми им откри дека таткото на нејзините 14 деца е ист човек, односно донатор на сперма кој никогаш не ги видел своите деца.

„Одлуката да бидам самохрана мајка е моја“ – рекла Надиа.

Децата во болница ќе останат уште неколку дена.