Охридската локална самоуправа ги објави добитниците на финансиски средства во рамки на „Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина за 2015 година“ кој го распиша градоначалникот, Никола Бакрачески.
Општинските служби информираат дека претставниците на здруженијата кои се избрани за доделување на финансиски средства, во рок од три работни дена, почнувајќи од среда, 13-ти мај 2015 година, треба да дојдат во Секторот за образование во општина Охрид за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти.
OhridNews