Новиот филм на Стивен Спилберг со 12 номинации предводи на овогодишната трка по престижните награди на Американската филмска академија, што ќе се доделуваат на 24 февруари во Лос Анџелес.
Номинациите во најважните категории за најпрестижните филмски награди, Оскарите, во петок ги соопштија овогодишните домаќини на доделувањето, комичарот Сет Мекфарлан и глумицата Ема Стоун.
Листата на номинирани ја предводат филмот „Линколн“ на Стивен Спилберг со 12 номинации, додека две помалку има „Животот на Пи“ на Анг Ли.
Новото остварување на Том Хупер, мјузиклот „Клетници“, освои осум номинации, исто како и остварувањето „ Silver Linings Playbook“, додека драмата на Бен Афлек е номинирана во седум категории.
Најдобар филм
– Ѕверовите на јужните дивини
– Silver Linings Playbook
– Zero Dark Thirty
– Линколн
– Клетници
– Животот на Пи
– Љубов
– Одмаздата на Џанго
– Арго
Најдобар режисер
– Дејвид о Расел
– Анг Ли
– Стивен Спилберг
– Михаел Ханеке
– Бен Зејтлин
Најдобар главен глумец
– Даниел Деј Луис
– Дензел Вашингтон
– Хју Џекмен
– Бредли Купер
– Хоакин Феникс
Најдобра главна глумица
– Наоми Вотс
– Џески Честин
– Џенифер Лоренс
– Емануел Рива
– Куванжене Волис
Најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје
– Amour (Австрија)
– No (Чиле)
– War Witch (Канада)
– A Royal Afair (Данска)
– Контики (Норвешка)
извор:„Макфакс“