Американската академија за филмски уметности и науки во четвртокот ги објави номинациите за најпрестижните филмски награди Оскарите чиишто добитници ќе бидат познати на церемонијата на 2-ри март, јавува „Макфакс“.
Меѓу претендентите за наградата Најдобар филм на годината се најдоа филмот којшто веќе го доби значајното признание Златен глобус „Дванаесет години ропство“ (12 Years a Slave), „Американски измамници“ (American Hustle), „Гравитација“ (Gravity), црно-белата трагедија „Небраска“ (Nebraska), „Филомена“ (Philomena, „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street), драмата „Клубот на купувачи од Далас“ (Dallas Buyers Club) и „Таа“ (Her) на Спајк Џонс.
Петтемина номинирани за Оскар за режисер на годината се Дејвид О. Расел за „Американски измамници“, добитникот на Златниот глобус за научно-фантастичниот фил „Гравитација“, мексиканскиот режисер Алонсо Куарон, режисерот на „Небраска“ Алекансадр Пејн, па ветеранот Мартин Скорсезе за „Волкот од Волстрит“ и Стив Мекквин за „Дванаесет години ропство“ филм снимен според вистинска приказна на слободен црнец продаден во ропство.
Во категоријата Најдобар актер се номинирани Врус Дерн за улогата во „Небраска“, Леонардо Дикаприо за „Волкот од Волстрит“, Метју Мекконахи во „Клубот на купувачи од Далас“, кои претходно седницава го доби Златниот глобус во истата категорија, Чивител Еџиофор за „Дванаесет години ропство“ и Кристиан Бејл за „Американски измамници“ .
За признанието Најдобра актерка, пак, ќе се натпреваруваат Ејми Адамс за ролјата во „Американски измамници“, Јект Бланшет во „Џасмин“ во режија на Вуди ален, Сандра Булок за „Гравитација“, Џуди Денч за „Филомена“ и Мерил Стрип за улогата во „Август во округот Осејџ“(August: Osage County) американска црна комедија.
Петорката конкуренти во категоријата Најдобар странски филм ја сочинуваат белгискиот „Скршен круг“(The Broken Circle Breakdown), данскиот „Лов“ (Jagten – The Hunt), италијанскиот „Големата убавина“(La grande bellezza – The Great Beauty), камбоџанскиот „Исчезната слика“ (The Missing Picture) и палестинскиот „Омар (Omar).
Во категоријата Машка споредна улога номинирани се Баркад Абди за „Капетан Филипс“, Бредли Купер за „Американски измамници“, Мајкл Фасбендер за „Дванаесет години ропство“, Џона Хил „Волкот од Волстрит“ и Џаред Лето за „Клубот на купувачи од Далас“.
Во категоријата Женска споредна улога се натпреваруваат Сели Хоукинс во „Џасмин Френч“, Џенифер Лоренс за „Американски измамници“, Лупита Нионг’о за „Дванаесет години ропство“, Џулија Робертс за „Август во округот Осејџ“ и Џун Сквин за „Небраска“.
Оскарот за Оригинално сценарио го очекуваат Ерик Ворен Сингер и Дејвид О. Расел за „Американски измамници“, Вуди Ален за „Џасмин Френч“, Крег Бротен Мелиса Волак за „Клубот на купувачи од Далас“.
Во категоријата, најдобро Адаптирано сценарио, пак, номинирани се Ричард Линлкатер, Џули Делпи и Итан Хоук за „ПРед полноќ“, Били Реј за „Капетан Филипс“, Стив Куган и Џеф Поуп за „Филомена“, Џон Ридли за „Дванаесет години ропство“ и Теренс Винтер за „Волкот од Волстрит“.
Во категоријата најдобар Анимиран филм номинирани се „Крудс“, „Гру на супертајна задача“, Ернест и Селестина“, Снежното кралство“, и „The Wind Rises“.
OhridNews
„Макфакс“