Раперот Кендрик Ламар, поп ѕвездата Тејлор Свифт и канадскиот пејач „The Weekеnd“ водат по бројот номинации за овогодинешните престижни музички награди Греми. Ламар, чиј најнов албум “To Pimp a Butterfly” ја воодушеви критиката доби 11 номинации, додека Тејлор и „The Weekеnd“ добија по седум.
Свифт е номинирана во дури три од четирите најпрестижни категории. Таа ќе се натпреварува за Албум на годината со „1989“, Снимка на годината и Песна на годината со „Blank Space“. Албумот на Ламар “To Pimp a Butterfly” е исто така во трка за албум на годината, како и “Beauty Behind the Madness” на „The Weekеnd“. Доделувањето на наградите Греми ќе се одржи на 15 февруари во Стејплс центарот во Лос Анџелес.