Доколку не знаевте, холивудскиот заводник Бред Пит пишувал и љубовни писма на своите поранешни девојки. Холивуд бил потполно шокиран кога пред некој ден се појавила информација во јавноста за писмо кое Бред Пит го испратил на својата поранешна девојка Џил Шолен.

Бред во наводното писмо напишал дека не престанува да мисли на неа и дека не се чувствувал потполно без на покрај себе. Таа го оставила во 1989 година поради друго момче, но повеќе пати изјавила дека Бред е романтичен. Актерката еднаш исто така изјавила дека Бред и ги пишувал најубавите љубовни писма и дека тоа за неа е едно од најпрекрасните животни искуства.