Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ деновиве распиша конкурс за доделување на наградата за 2015 година. Со оваа награда се оддава признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Освен овој конкурс деновиве беше распишан и конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза” за 2015  година. Со оваа награда се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

И двете државни награди може да се доделат на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а согласно условите од конкурсот може да бидат доделни и на странски државјани.

Конкурсите за двете награди се отворени до 30-ти април 2015 година, а повеќе информации може да се најдат на веб страницата на Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews