Следниот месец е стоттата годишнина од катастрофалното патување на Титаник. Како би била обележана оваа значајна годишнина, списанието „National Geographic“ објавува фотографии на Титаник кој се наоѓа на дното на Атланскиот Океан. Бродот завршил таму откако доживеал несреќа при своето прво патување. По судирот ледениот брег, Титаник повикал помош, а првиот брод кој пристигнал бил „Carpathia“. Од 2227 патници и членови на екипажот преживеале само 706. Погинале или се удавиле 1517, од кои 136 мажи и 157 жени и деца.
Потонатиот брод го пронашле Роберт Балард и Жан-Луис Мишел во 1985 година. Се предвидува дека остатоците од најпознатиот потонат брод би можеле неповратно да исчезнат. Узбуна подигнале подводните истражувачи кои со години редовно ги посетувале остатоците од познатиот брод на дното во канадските атлански води. За време на најновата посета воочиле дека р’ѓата се проширила и зафатила многу поголема површина на металните остатоци од најпознатиот потонат брод Титаник.