29-тата Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 21 до 23 јули на локации во Велестово и Охрид. На истата учество ќе земат десетина поети, музичари и уметници од земјава и странство.
Манифестацијата започнува во петок, 21-ви јули со џез концерт на бендот Караванија, по што следи поетски портрет на поетот Ристо Василевски и отворање изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски.
Во сабота, 22-ри јули гостување во отвореното студио во Арт поинт Гумно во Слоештица и читање поезија, а манифестацијата завршува во недела 23-ти јули, со промоција на книгата „16 бугарски поети“ и настап на гостите од Р. Бугарија Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Роман Кисјов, Ани и Илков И Поли Муканова.
Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули ќе се одржи промоција на проект книгата „Извештаи на Рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата „Доилката“ од Лилјана Пандева и „Ништо не е недостижно“ од Зоран Јакимоски.
И оваа година покровители на манифестацијата се: Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид и Комерцијална Банка.
OhridNews