Објавена е поштенската марка што по повод јубилејот-50 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“ ја отпечатија „Македонски пошти“.

На марката се поместени мотиви од внатрешноста на катедралната црква Св. Софија, што го симболизира создавањето на фестивалот, а на неа  го има и логото на манифестацијата.

Идејата и реализацијата на овој проект е на поранешниот директор на фестивалот, Тони Симоноски.

OhridNews