Магазинот „Форбс“ ја објави годишната листа најбогати луѓе во светот. Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејст, и натаму е на првото место со богатство проценето на 75 милијарди долари.
На второто место е основачот на конфекцискиот синџир „Зара“, Амансио Ортега, со 67 милијарди. По нив следува американецот Ворен Бафет, со 60, 8 милијарди долари.
Најбогатата жена во светот се најде на 11 место. Основачот на козметичката куќа „Лореал“, Лилијан Бетанкур има 36, 1 милијарда долари. Најмладата на листата е 19-годишната норвежанка Александра Андерсен, чие богатство изнесува 1,2 милијарди долари. Најстариот пак е милијардерот Дејвид Рокфелер- постариот, којшто го стекнал своето богатство со нафта и банкарство. Се проценува дека овој стогодишник е вреден 3 милијарди долари, што го смести на 569 место на листата најбогати.
САД и натаму водат во светот по бројот на милијардери. Вкупно 540 се Американци. На второ место е Кина, со 251 милијардер, што е за 70 повеќе од лани.
Милијардерот Доналд Трамп, доминантна личност во овогодинешната претседателска трка е на 324 место најбогати во светот. Според „Форбс“, неговото богатство изнесува 4, 5 милијарди долари. Листата откри дека од сметката на 20 меѓу најбогатите исчезнале повеќе од 70 милијарди долари со што нивното богатство сега се проценува на 827 милијарди.
Најмногу профитирал Марк Зукерберг, основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, чие богатство од 11,2 милијарди пораснало на 44,6, додека пак најмногу загубил мексиканскиот телекомуникациски тајкун, Карлос Слим, кој од 77, спаднал на 50 милијарди долари.
OhridNews