Министерството за транспорт и врски ја објави конечната листа за распределба на социјални станови во Охрид, на лица кои ги исполнуваат критериумите за добивање стан.



Десет станови се доделени на деца без родители или родителска грижа.

Станови им се доделуваат и на седумнаесет корисници на социјална или постојана парична помош. На инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош доделени им се 12 станови. Еден стан е доделен на социјално загрозени лица припадници на Ромската етничка заедница и 31 стан на самохрани родители со малолетни деца. 

OhridNews