Business of Fashion, славниот вебсајт посветен на модата, ја издал својата годишна листа со 500 највлијателни личности во модата.
Познатата интернет страна веќе неколку години објавува своја листа со 500 највлијателни личности во светот на модата. Листата BoF 500 има 8 категории меѓу кои се дизајнери, модели и музи, медиуми, уредници и други, а интересно за оваа листа е фактот што луѓето не се распоредени по броеви, туку по азбучен ред – славниот вебсајт смета дека сите тие имаат исто влијание врз модниот бизнис.
На листата има 30 модели, тука се неизбежните Жизел Бундшен, Наталија Водјанова, Миранда Кер, Кејт Мос, Кара Делевињ, Алекса Чунг, Дариа Вербоу и други.
Што се однесува на дизајнерите, на листата ги има 117, а традиционално на неа се наоѓаат Албер Елбаз, Алберта Ферети, Александар Ванг, Кристијан Луботин, Дајен Вон Фустенберг, Доменико Долче и Стефано Габана, Донатела Версаче и други.
Оваа листа ќе ја следи и печатено издание.
извор:cromoda.com