Популарната американска комедија “Мамурлук“ го добива последниот дел од оваа трилогија. Објавен е трејлер, кој открива како славната тричлена екипа од филмот повторно ќе се најде во Лас Вегас, каде што ќе заврши нивната приказна. Филмот во американските кина ќе дојде кон крајот на мај, а Мајк Тајсон уште еднаш ќе гостува во филмот и тоа повторно во улога на самиот себе.
Откако првиот дел од најпопуларната комедија “Мамурлук“ ги одушеви гледачите ширум светот, и заработи преку 468 милиони долари, вториот дел поради статусот одлична комедија заработил преку 580 милиони долари.
Режисерот Тод Филипс најавил дека овој последен дел ќе има многу изненадувања.
-Многумина ќе бидат прилично изненадени од последниот дел, а ќе биде совршен крај на трилогијата на хаосот, очајот и лошите одлуки, најавил Филипс.