Министарството за екониомија  го објави јавниот повик за продажба на државните акции во АД ЕМО.

Ќе се продаваат вкупно 153 341 акција , а крајниот рок за доставување на понудите за откуп е 26 јуни.

Првично беше предвидено ЕМО да се продаде на 30 март, како загубар по пат на јавно наддавање. Но, владата на три дена до продажбата се откажа од овој модел со образложение дека тој не нуди доволно гаранции за успешен развој на компанијата во иднина.

Основна цел, како што соопшти Владата е ЕМО да биде купен  од стратешки инвеститор кој добро го познава  бизнисот и ќе обезбеди компанијата долгорочно да продолжи со работа.

Според условите за продажба што ги пропиша владата една акција на ЕМО ќе се продава по цена од 39,13 евра, а купувачот се обвзува да ги задржи сите вработени во период од пет години.

Г.М.