Тендерот за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид е објавен, соопшти денеска Агенцијата за млади и спорт.

Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади квадратни метри, ќе има трибини со над 500 седишта, а димензиите на базенот ќе бидат 33 на 22 метри.

-Со ова по долги години исчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.- велат од АМС.

Вредноста на инвестицијата е околу 5 милиони евра, а како инвеститор се јавува Агенцијата за млади и спорт. Оттаму велат дека со реализацијата на проектот кој долго време беше најавуван, ќе се реинкарнираат спортовите по кои Охрид некогаш беше препознатлив и повторно ќе заживеат пливањето и ватерполото во градот покрај белото Езеро.

Според најавите затврениот базен во Охрид ќе се гради во комплексот на СРЦ „Билјанини извори“.

OhridNews