Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  и Македонскиот институт за медиуми распишуваат средношколски конкурс за мултимедијални продукти на тема: „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

Целта на конкурсот е да се поттикнат учениците и наставниците од средните училишта да продуцираат мултимедијални продукти со кои ќе ги претстават училишните активности посветени на меѓуетничка интеграција во образованието, со цел зајакнување на соработката меѓу различните етнички заедници и негување на културните различности.

Право на учество на конкурсот имаат сите државни средни училишта од Република Македонија, кои може да аплицираат со: Видео приказна; Фото-сторија или Мултимедијална сторија (комбинација од текст, видео, аудио, фотографија).

Не постои ограничување на бројот на мултимедијални продукти со кои едно училиште може да аплицира, но, истите треба да опфатат различни теми и активности во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието.

Изборот на најдобрите мултимедијални продукти ќе го направи стручна жири комисија составена од претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), професионални фотографи, новинари и продуценти.

За трите најдобро пласирани училишта, ќе се доделат следните награди: Прва Награда – Камера ГоПро 3 и лап-топ; Втора награда – Камера ГоПро 3 и Трета награда  – Дигитален фотоапарат. Останатите училишта со истакнати мултимедијални продукти ќе добијат пофалници и ќе учествуваат на свечениот настан – изложба, кој ќе се организира на крајот од конкурсот.

Мултимедијалните продукти, заедно со формуларот за аплицирање треба да се испратат исклучиво по електронски пат на адреса: [email protected] , најдоцна до 27-ми февруари 2015 година. Сите подетални информации за конкурсот се достапни на веб-страницата од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието: www.pmio.mk

OhridNews