Повеќе автобуси ќе сообраќаат од Охрид кон локациите каде во петок ќе се спроведе акцијата за пошумување. Како што е познато во охридско ќе се пошумат 60 хектари, а во акцијата што ќе ја координира јавното шумско претпријатије ќе бидат вклучени и околу 1000 ученици. За нив, како и за граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата,  е обезбеден превоз информираше локалната самоуправа која го објави распоредот на автобусите:

РАСПОРЕД НА ДВИЖЕЊЕ НА АБТОБУСИТЕ НА ДЕН 13.11 2009год. ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО АКЦИЈАТА “ДЕНОТ НА ДРВОТО”

1.    Прва ротација

        7:45 ч. – 4 автобуси пред ОСУ “Св. Климент Охридски”
        7:45 ч. – 4 автобуси пред ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”
        7:45 ч. – 4 автобуси пред ДУТУ “Ванчо Питошески”

2.    Втора ротација

        10:00ч – 4 автобуси пред ОСУ “Св. КлиментОхридски”
        10:00ч – 4 автобуси пред ОУ “Григор Прличев”
        10:00ч – 4 автобуси пред ОУ “Христо Узунов”

3.    Трета ротација

         10:30ч – 4 автобуси пред ОУ “Братство-единство”- Лескајца
       10:30ч. – 2 автобуси кружно движење за заинтересирани граѓани. Место на застанување Мини Маркет; Стара бензиска; Охридска Банка; х.Дончо.

Ohridnews