Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања деновиве ја објави Рамката за управување со животната средина и за управување со раселувањето – Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.
Главната цел на овој проект е да се подобри придонесот на туризмот за локалниот економски развој и да се подобри капацитетот на владата и на јавните агенции за поттикнување на растот на туризмот и подобрување на управувањето со дестинациите во Македонија.
-Рамката за управување со животната средина (РУЖС) и Рамката за управување со раселувањето (РУР) за проектот се продуцирани како дел од условите на Светска банка за заштитните механизми за осигурување на усогласеноста на проектот со националните еколошки и социјални политики и политиките на банката со цел минимизирање на целокупните еколошки и социјални ризици, пишува во рамки на објавата.
Документот како дел од процесот за оценка на проектот е објавен на интернет страницата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Коментари, предлози и прашања, заинтересираните лица можат да се испратат електронски или по пошта до 2-ри ноември 2015 година, a jавната презентација на документот ќе се одржи во петок на 30-ти октомври.
OhridNews