Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  информираше дека во рамки на проектот “Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик“, денес е објавен јавен повик за користење на услугата бесплатен летен одмор за децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа како и децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение.

Оваа година е предвидено да се опфатат 2.000 деца од семејствата во социјален ризик за бесплатен летен одмор во Струга, во период од 7 дена, односно 6 полни пансиони.

Право да аплицираат имаат родителите коишто се корисници на социјална парична помош, исто така родителите коишто се корисници на детски додаток, родителите коишто се корисници на посебен додаток, односно родителите на децата со пречки во развојот како и право на бесплатен одмор ќе имаат децата без родители и родителска грижа.

Проектот започна да се реализира од летото 2012 година. До сега оваа бесплатна услуга за летен одмор ја искористиле 6.000 деца, додека бесплатната услуга за зимски одмор 3.000.

Јавниот повик ќе трае до 17- ти јуни.

OhridNews