Според прописите на Јавниот оглас, корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:
-Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители,
– Корисници на социјална или постојана парична помош,
-Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта,
-Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица,
-Лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и
-Самохрани родители со малолетни деца.
Потребната документација заинтересираните лица треба да ја поднесуваат до Меѓуопштинските центар за социјална работа во Охрид. За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.