Набавка на гориво за моторни возила за потребите на општина Охрид- ЕЛС и набавка на нафта за греење за потребите на административната зграда на општина Охрид, детска градинка, основни и средни училишта е предмет на договорот за јавна набавка кој треба да се склучи со најповолниот понудувач по завршување на огласот кој е во тек.

Огласот е објавен на 29.10.2010 година, а понудите може да се достават најдоцна до 20.12.2010 година во 10 часот.

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

OhridNews