Општина Охрид објави оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема.

За продажба на сладолед предвидени се 24 локации, за продажба на книги четири локации, за сувенири  91 локација, уметнички слики осум и за продажба на храна две локации. Локациите за поставување урбана опрема се издаваат за времетраење од деведесет денови.

Од локалната самоуправа потенцираат дека понудите треба да се достават најдоцна до   26- ти мај во 15.00 часот.

OhridNews