Општина Охрид и во оваа 2008-ма година со пиетет ќе ја одбележи годишнината од смртта на познатиот македонски писател Живко ЧИНГО. Покрај организирањето на традиционалната културна манифестација што на 13.Август се одржува во родното село на пистелот, Велгошти, Општина Охрид во знак на почит кон неговото творештво и со цел да придонесе во афирмацијата на литературното творештво, распиша Награден конкурс за најдобар расказ.
На Конкурсот може да учествува со свој расказ секој полнолетен граѓанин на Р.Македонија, а посебна жири комисија ќе додели една награда во висина од 30.000 денари. Краен рок за доставување на трудовите е 30.07.2008. година, а резултатите ќе бидат објавени на 08.08.2008. година. Наградата на добитникот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „ВЕЧЕР НА ЧИНГО“ што ќе се одржи на 13. Август во Велгошти.