Здружението на граѓани „Богојавление“ го објави Конкурсот за избор на кум на православниот празник Водици 2011 во Охрид.

Сите заинтересирани својата кандидатура можат да ја достават во ресторанот „Света Софија“, најдоцна до 3-ти декември 2010 година.

Изборот на кум на Водици 2011, ќе биде извршен на 4-ти декември на состанокот на З.Г. „Богојавление“, што ќе се одржи во малата сала на Општина Охрид.

OhridNews