Со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, Министерството за култура догодина ќе обезбеди средства од државниот Буџет за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 година“.
За таа цел деновиве е објавен конкурс на кој може да се пријават сите градови во Република Македонија, со доставување на програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните културни вредности.
Пријавувањето на програмата се врши со доставување пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерството за култура и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место.
OhridNews