По повод традиционалната културна манифестација „ Вечер на Живко Чинго“ , Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за наградата за најдобар расказ.
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Краен рок за доставување на трудовите е 3- ви јули, а жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2015.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на 13- ти август на традиционалната културна манифестација„Вечер на Живко Чинго“.
OhridNews