Во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура објавени се Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016 година, по одделни области и за одделни активности од културата.
Министерството за култура соопшти дека во конкурсите се содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти. Годишните конкурси траат 45 дена од денот на објавувањето.
Согласно измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, Годишните конкурси од минатата година, наместо во мај, се објавуваат во септември.
OhridNews