Барањата за користење средства за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2015 година ќе може да се доставуваат до 14-ти мај 2015 година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Јавниот повик кој беше објавен вчера се однесува на Поддршка за изградба на нови риболовни пунктови, реконструкција и адаптација на постоечките, како и надомест за услуга за користење на постоечки пунктови; за Поддршка за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Исто така ќе бидат обезбедни и средства за Дополнителна заштита на рибите во риболовните води; за Изградба на нови капацитети за аквакултура; за Проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните; за Изградба на нови капацитети за преработка на рибите и за Набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.

За рибарството, финaнсиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции или надомест за услугата, додека за аквакултурата по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50 отсто од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции.

Доделената финансиска поддршка е неповратна. Барањата за користење средства (Образец ПРА –А1) и за исплата со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците, може да се подигне на веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

OhridNews