Министерството за одбрана ги објави имињата на 11-мината припадници на АРМ, кои загинаа вчера кај Катланово, при уривањето на хеликоптерот Ми-17.

Во несреќата загинаа – потполковник Спасовски Тони, мајор Ристовски Горан, капетан Спасовски Бране, капетан Ѓорески Игор, заставник Василев Славчо, заставник Давитковски Тони, постар водник Шириќ Јанко, постар водник Ивановски Мики, постар водник Тасковски Александар, постар водник Васиќ Александар, и десетар Вељановски Златко

Денот на погребот на загинатите војници во хеликоптерската несреќа, најверојатно вторник, е прогласен за ден на жалост во Република Македонија.

Во меѓувреме продолжи истрагата за утврдување на причините за несреќата во што треба да помогнат и пронајдените црни кутии од леталото.

ohridnews