Во документот на ЦИА, кој неодамна беше декласифициран се тврди дека Јосип Броз Тито нема југословенско потекло, туку тој најверојатно е Русин или Полјак.
ЦИА овие заклучоци ги има донесено според анализата на еден негов говор од 1977 година, а според експертите тој “наводно” зборувал српскохрватски јазик но со странски акцент.
“Во српскохрватскиот јазик самогласникот “и” исто се изговара по меките и тврдите согласки. Од друга страна, тие на кои мајчин јазик им е руски или полски најверојатно во двата случаи зборовите би ги изговарале со омекнато “н”. Токму таков е изговорот на Тито на српскохрватскиот јазик и тој најдобро се опишува како странски акцент”, се истакнува во анализата на говорот.
Авторите на овој документ сметаат дека е логично да се претпостави дека Тито бил Русин или Полјак, но ништо неможе да се потврди со сигурност.