Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец го објави списокот на играчи за претстојните квалификациски дуели со Хрватска (17.Ноември-20ч.) и Израел (21.Ноември-18ч.)

Голмани
Милошевски Петар (ЕНОЗИС-КИПАР),
Пачовски Томе ( РАБОТНИЧКИ) ,
Георгиевски Јордан ( ВАРДАР)

ОДБРАНА:
Седлоски Гоце ( МАТЕРСБУРГ АВСТРИЈА),
Митрески Игор (ЕНЕРЏИ К. ГЕРМАНИЈА),
Лазаревски Владе ( ГРОЦЛИН-ПОЛСКА),
Грнчаров Бобан ( ГЕНТ БЕЛГИЈА),
Новевски Николче ( МАЈНЦ-ГЕРМАНИЈА),
Попов Горан ( ЛЕВАДИЈАКОС-ГРЦИЈА),
Вајс Мирослав (РАБОТНИЧКИ ),

СРЕДЕН РЕД
Шумуликоски Величе ( БУРСА СПОР ТУРЦИЈА),
Грозданоски Влатко ( ОМОНИЈА-КИПАР),
Тасевски Дарко ( ЛЕВСКИ БУГАРИЈА),
Трајанов Ванчо ( ЧЕРНОМЕРЕЦ БУЛГАРИА),
Положани Артим ( КОБЛЕНЦ-ГЕРМАНИЈА ),
Јанчевски Игор ( ЕНОЗИС-КИПАР) ,
Шакири Артим ( ШКЕНДИЈА) ,

НАПАД :
Пандев Горан ( ЛАЦИО-ИТАЛИЈА ),
Стојков Ацо ( ДЕБРЕЦИН-УНГАРИЈА),
Мазнов Горан ( ТОМСК РУСИЈА),
Ристиќ Стевица ( ЏОНБУК ХЈУНДАИ КОРЕЈА),
Наумовски Илчо (МАТЕРСБУРГ АВСТРИЈА) ,

По објавувањето на составот, селекторот Катанец за веб-страницата на ФФМ ја даде следната изјава:

– Што се однесува до списокот, нема многу промени од оној стандардниот во овие квалификации. На подготовките се повикани двајца искусни играчи кои не беа повикувани подолго време, Шакири и Јанчевски. Имам силно искуство со нив двајцата како фудбалери, но пред се личности и затоа очекувам да допринесат за што подобра атмосфера пред завршните две средби. Засега не се во комбинација да настапат во средбите со Хрватска и Израел, но тоа е само на стартот, доколку со својата работа и квалитет на тренинзите ме убедат дека се во потребната форма и има што да покажат тогаш можно е да дојде до промена на ситуацијата. Во принцип се работи за добра атмосфера.

– За самиот натпревар со Хрватска не би трошел многу зборови бидејќи ќе играме против селекција која е апсолутно најдобра во нашата група. За нас е голем предизвик бидејќи нема што да загубиме. Противникот и по рејтинг и по резултатите го заслужи местото што го има овој момент во нашата група која ја сметам за најсилна во овој квалификациски циклус, но тоа треба да го потврдат и тука во Скопје. За мене ќе повторам уште еднаш е предизвик да ги измериме потенцијалите и квалитетот против селекции какви што се пред се Хрватска па потоа и Израел.

ohridnews