Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно земјиште во Струга, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање за изградба на бензинска пумпа.
 
Станува збор за една градежна парцела во општина Струга со површина од 17.286 м², за кое почетната цена на јавното наддавање изнесува 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување е до 17.12.2010 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 23.12.2010 година во просториите на Министерството за транспорт и врски.
 
За учество во јавното наддавање можат да се пријават физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни  лица ( домашно  правно  лице,  правно  лице  во  мешовита  сопственост,  правно  лице основано  од  странско физичко  и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската  унија и на ОЕЦД,  како и  странски правни лица резиденти на држави  кои не  се  членки на европската  унија и на ОЕЦД  а  кои  под  услови  на  реципроцитет  можат  да  стекнат  право  на  сопственост  на  градежно  земјиште  на  територијата  на Република Македонија).

OhridNews