За потребите за снимање на филм од утре до 28-ми септември се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница).

Во наведениот период од 07:00 до 19:00 часот обиколницата ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Забраната нема да важи во викендите кога сообраќајот по обиколницата ќе се одвива нормално.

За изнајмувањето на обиколницата француска продукција на државата ќе и плати 12,7 милиони денари.

OhridNews