На вчерашната седница Владата ја усвои Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во РМ за 2009 година, а приоритети се коридорите 8 и 10.
Покрај обиколницата околу Охрид, годинава се планира изградба на патните правци Радовиш – Струмица, Градско – Ленски мост – Прилеп, патот до ски-центарот Кожув, Средно Водно – Сончев град и други.
За најголем дел од овие патишта распишани се тендерите, а договорите за градба се очекува да бидат потпишани во февруари. Дел од патиштата планирано е да бидат изградени до крајот на годината.
Изградбата на северната транферзала во Охрид (ул.Железничка) започна пред повеќе од три години.