Од АМСМ информираат дека патниот правец А3, Битола-Ресен (обиколница Битола) е оспособен за сообраќај на сите видови на моторни возила. Поставена е соодветна патна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.
Инаку утрово, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews