Возилата на Итната медицинска помош од Охрид, точнo на пладне во колона продефилираа низ улиците на Охрид со вклучени сирени, во знак на поддршка на медицинските лица кои седми месец беспоштедно се борат со  Ковид 19 и почит кон починатите колеги во битката со опасниот вирус.

Ова e порака до сите граѓани да сфатат дека мора да се штитиме и да се подигне свеста кај населението дека Ковид 19 е меѓу нас и не ги бира своите жртви. – велат од Итната медицинска помош – Охрид.

Од почетокот на епидемија до 25 септември од Ковид 19 во охридско починале 20 лица. Последната жртва беше медицинската сестра Дијана Димоска (48), вработена во Општата болница Охрид, која ја загуби битката со подмолниот вирус.

OhridNews