По дваесеттина дена од обивањето на автоматите за влез во двата јавни тоалети поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, викендов, беа обиени и автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај Т.Ц. Амам.

Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека за вандалскиот чин е известена полицијата.

Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата.

OhridNews