Српскиот репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ се шокирал кога се вратил во својот дом во Рим после дерби натпреварот со Јувентус кој „лацијалицте“ го добија со 3-1. Домот на Милинковиќ Савиќ бил мета на крадци, а случајот во полиција го пријавил фудбалерот.
Италијанската полиција веднаш презела мерки за расчистување на случајот и фаќање на крадците. На безбедносните камери се забележувале три лица како ги обиваат заштитаната ограда и вратата од домот на фудбалерот, пренесуваат медиумите од Италија.
Крадците од домот на Милинковиќ Савиќ украле готовина од 5 000 евра, скапоцени часовници и накит во вредност од 100 000 евра.
Италијанската полиција поставила дополнителни служби кои ќе се грижат за безбедноста на фудбалерите од Лацио кои исто така можат да бидат на крадци кои на големо оперираат на „чизмата“.
OhridNews