На ден 02.08.2009 година, на плажата „Немо“ во Охрид, околу 19 часот и 45 минути, се случила вербална расправија помеѓу лицата Д.С. роден 1984 година  лицето  и А.Ј. роден 1983,  двајцата од Охрид.

Притоа, Д.С. извадил нож и со еден удар го прободил А.Ј. во десната страна од градниот кош.  Веднаш потоа, тој го напуштил лице местото.

Повредениот е пренесен на Хируршкото оделение при Општата болница во Охрид од каде, по укажаната лекарска помош е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид од страна на увидна екипа. Секторот за внатрешни работи Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето Д.С. од Охрид поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело „Обид за убиство“.

извор: СВР Охрид