При контрола на автобус со македонски регистарски таблички, што сообраќал на редовна линија Копер-Струга, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, царинските службеници откриле 2,2 кг семенски материјал Butternut и Kinava.

Непријавениот семенски материјал бил пронајден во патна торба сопственост на хрватски државјанин, патник во автобусот.

OhridNews