Царинските службеници во текот на минатата недела открија обид за криумчарење на 30 технички производи на граничниот премин Ќафасан.

Техничките производи помеѓу кои имало лап-топ компјутер, таблет уреди, МП3 плеер, мобилни телефони и полначи за батерии биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Како што информира Цринската управа на Република Македонија, непријавените производи се пронајдени во патни торби сместени багажниот простор на возилото.

OhridNews