Информацијата официјално е потврдена и од страна на српското министерство за внатрешни работи. Обезбедувањето на претседателот се обидело да го сопре возачот, но тој успеал да побегне.
Од надлежното министерство не можат да кажат дали станува збор за дрзок возач, или инцидентот кој е последица на сообраќајната гужва, поради изведување на градежни работи на улицата„Јуриј Гагарин“.
На почетокот на ноември на автопатот Белград-Ниш се случи сличен инцидент, кога службен џип на генерал од српското МВР се доближи на непрописно растојание до колоната возила во кој бил Николиќ.
извор: Блиц