Марта Пејоска е дипломиран архитект, но професионално работи над 10 години како изработувач на накит, матична техника (занает) филигранска, која ја владее од 2005год.

Во 2014та година ја отвора својата галерија за современ накит и филигран „Ателје Марта Пејоска“ прва и сè уште единствена како таква.

Овој уникатен занает кој во последните години повторно стана модерен и луѓето се навраќаат на него, виден низ рацете на Марта и нејзината призма е специјално како што секое едно парче има своја душа и своја приказна.

Покрај овој занает и нејзината професија, Марта е вљубеник во Езерото, водата, едрењето, планината, волонтирањето и меѓу сите тие работи наоѓа синергија која ја преточува во својот секојдневен живот и својата професија, бидејќи тоа е нејзината храна со чија помош си ја гради сопствената приказна.

Погледнете ја 5тата епизода на Обични Херои со херојот Марта, една исклучитечна личност која зрачи со својата посебна енергија и харизма, а нејзиното делување е од исклучителна важност особено на главната улица во стариот дел од градот „Цар Самуил“ каде таа и нејзината галерија играат една посебна улога.

Обични херои Е05: Марта Пејоска

OhridNews