Никола Тодороски е дипломиран актер кој активно работи веќе 20 години, а од самото формирање е вработен во Охридскиот Народен Театар. Како stand up комичар настапува веќе 11 години и под својот појас има над 1000 настапи во и надвор од Македонија.

Првиот stand up настап му бил во кабаре „Лектира“ во Битола на 21.04.2011 заедно со Марјан Ѓорѓиевски, а неговото омилено место за настапување е џез клубот и веќе последните години и познат како клуб на комедијата – Jazz Inn.

Покрај своите соло шоуа, Тодороски настапува заедно и со својот колега Стрезо Стаматоски веќе неколку години во познатото кабаре шоу – „2 mothers brothers“ или „од 2 мајки браќа“, исто така и формата на театарска импровизација „Импровокација“ која во петок на 04.03.2022 го слави својот 6ти роденден. Во „Импровокација“ покрај Никола и Стрезо, им се придружуваат и Филип Кипровски, Никола Јосифоски од музички аспект и домаќинот Филип Ангеличин Жура, кој исто така се грижи за организацискиот дел на сите шоу во кои настапува Никола. И stand up вечерите во кои Никола заедно настапува со Никола Братучед Силјаноски, Зоран Донев, Јован Цветкоски и Илија Богданоски, заедно со сите екипи се формира Летен комеди маратон кој трае неколку сезони и публиката ко препознава.

Повеќе за Никола Тодороски погледнете во новата епизода на „Обични Херои“.

Обични херои Е09 – Никола Тодороски

OhridNews