„Организацијата на Безбедносниот форум на НАТО мина беспрекорно, без инциденти“ информираше оперативниот штаб на МВР задолжен за безбедноста на учесниците на Форумот што траеше два дена, а вчера заврши. Оперативниот штаб беше сместен во вилата на МВР во Охрид и од каде преку видео-мониторинг се следеа движењата на делегациите. Учесниците на Форумот, посебно странските делегации биле многу задоволни од професионалниот однос на безбедносните сили, а нивниот ангажман го пофали и генералниот секретар на НАТО лично.


Од денешниот брифинг во штабот

„Се покажа дека припадниците на МВР можат успешно да извршуваат вакви сложени задачи“ истакна помошникот командант на Оперативниот штаб на ЕАПС, Тони Георгиев. Вкупно биле прифатени и ескортирани 51. делегација од кои 21. на министерско ниво, а останатите на ниво на амбасадори во НАТО. Оперативниот штаб од својата позиција во Охрид ќе престане да функционира денес, после заминувањето на последната делегација.


Професионалци

„За обезбедувањето на високите делегации беа применети сите стандарди и мерки утврдени од НАТО. Речиси се` се одвиваше беспрекорно, немаше инциденти ниту во јавниот ред и мир ниту во сообраќајот“ рече министерката Гордана Јанкуловска.