Инцидентот се случил околу 22 часот и 45 минути кога на лицето Б.К. од Велешта(24) кој бил во алкохолизирана состојба не му бил дозволен влез во објектот, по што тој со нож го прободил Б.Ј. роден 1987 година од Охрид, вработен во обезбедувањето на кабарето.
„Со навремена и брза интервенција на полициските службеници, напаѓачот е совладан, спречен е нападот, одземен му е ножот и приведен е во СВР Охрид. Кај него со алкотестирање, констатирана е алкохолизираност од 1,47 промили алкохол во крвта. Повредениот Б.Ј. е пренесен во Општата болница во охрид, каде од страна на дежурен лекар, констатирани се лесни телесни повреди.
Против лицето Б.К. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Обид за убиство“, соопшти СВР Охрид.