Министерството за образование и наука набави и дистрибуираше до училиштата таблети за ученици од четврто одделение од семејства во социјален ризик.Од вкупно 10.000 уреди, до сега се подигнати 3.000 таблети.
Со набавувањето на оваа опрема училиштата се подготвуваат за новата учебна година, со која во пракса започнува и имплементацијата на новата образовна Концепција за основно образование. Со новата Концепција се предвидува осовременување на образовниот процес, односно учениците од прво и четврто одделение ќе учат по целосно нови наставни програми и од нови материјали за учење, чија подготовка е во завршна фаза.
Новите наставни програми треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците. Инаку, сите промени се предвидени со новата Концепција за основно образование усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.
Имплементацијата на новата Концепција започнува етапно и е предвидено целосно да се воведе во деветолетката во следните 5-6 години.
OhridNews