Владата на вчерашната одржана седница ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид.

Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт, информираат од Владата.

Посочуваат дека рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на фекална канализација на дел од ул. „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „Кленоец“, општина Охрид, додаваат во соопштението од Владата.

Планирано е, истакнуваат, набавката за реализација да започне во месец октомври 2024 година.

OhridNews