Претставата на Турскиот театар, „Ромео и Јулија“ на режисерот Дејан Пројковски која ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва во 21:00 часот на малата сцена ќе има превод на македонски јазик, информираат од дирекцијата на фестивалот.

Како што веќе објавивме, главните улоги во претставата ќе ги играат Селпин Керим, Зубејде Селимовска, Џенап Самет и Наџи Шабан.

„Наша идеја беше да се направи „Ромео и Јулија“ како своевидна химна, ода за апсолутната љубов. Мислам дека успеавме да направиме една театарска претстава каде што седуммина актери се раѓаат и умираат за време на претставата“ изјави режисерот Пројковски. Актерот Селпин Керим кој ја игра улогата на Ромео смета дека е напорно да се работи со режисерот на претставата. „Но мислам дека успеавме  во текот на два  и пол месеци да ги реализираме сите замисли на Пројковски“ додаде актерот.

Ohridnews